бавтаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се бавта) Се матка, губи време.
Албански:
endem, humb kohë
Примери:
Цел ден се бавта наваму-натаму.
безделничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не работи; не сака да работи.
Примери:
Градинарот безделничеше во сенките од големите дрвја.
вендаат
Вид збор: Глагол, несвршен
безделничи
Примери:
До квечерината вендаше по улиците.
врткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вртка) Се задржува некаде без потреба, се мотка.
Примери:
Не врткај се таму, веднаш врати се.
гинеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Губи време, денгуби.
Примери:
Се контеше пред огледало и гинееше секоја вечер.
изденгубат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине во денгубење определено време.
Примери:
Изденгуби шетајќи без цел по пазарот.
истегнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истегне) се излежува, безделничи
Примери:
Сите работат, а тој се истегнал на креветот.
квачат
Вид збор: Глагол, несвршен
денгуби
Примери:
Тој уште квачи, а јас работам.
киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува некаде подолго време без работа.
Примери:
Овие наши калфи по цел ден кај тебе киснат, наместо работа да гледаат на дуќан.
клапнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се клапне) Се заседне, губи време без работа.
Примери:
Што си се клапнал овде, немаш ли некоја работа?
кмишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува некаде подолго време без работа, безделничи.
Примери:
Ќе кмиши овдека сѐ дури не тргне неговиот воз.
мушкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Задржува некого, прави некој да денгуби.
Примери:
Не ме мушкај, имам многу работа.
пладнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
денгуби
Примери:
Пладнува наместо да се фати за работа.